Потпишан колективен договор помеѓу општина Гостивар и УПОЗ

Фото: mia.mk

Работничките права на шеесетина вработени во општинската администрација од денеска ќе се остваруваат со колективен договор. Потпис на овој документ ставија првите луѓе на општина Гостивар и синдикатот УПОЗ (Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани).

Според Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ, со потпишаниот колективен договор се унапредуваат правата од работен однос на вработените во гостиварската локална самоуправа. Со него се регулираат флексибилното работно време, работата во неработни денови, паузите, годишниот одмор, платеното отсуство, неплатеното отсуство, додатоците на плата и други работнички права. Грујоски ги пофали залагањата на градоначалникот и посочи дека тоа не е случај во други општини.

– Без лажна скромност ќе кажам дека ова е убав пример на соработка помеѓу работодавачот и синдикатот. Во преговорите немавме недоразбирања и брзо дојдовме до договор. Гостивар е меѓу првите општини кои го прифатија и го исполнија ветеното, но за жал има примери каде градоначалниците не го прифаќаат договорот па дури и не сакаат да отпочнат со преговори, рече Грујоски.

Првиот човек на општината искажа задоволство од соработката која била интензивна деновиве и ги овозможиле сите предуслови.

– Во јануари годинава, Советот донесе предлог одлуга за овој договор. Како работодавач, општината се трудела да ги задоволи барањата навработените, а сега со овој чин само ќе определиме и прецизираме меѓусебните односи, на задвозство на вработените, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Колективниот договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата беше усвоен пред една година (7.02.2020). Во договорот се содржани повеќе права кои државните службеници кои години наназад ги бараа низ протести и преговори, бидеќи сметаа дека им се ускратени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот