Потпишан договорот за имплементирање на проектот за уредување на коритото на река Брегалница во Берово

Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, на официјална церемонија во Министерството за регионален развој и уредување на Република Бугарија во Софија, го потпиша договорот за реализација на втората фаза од проектот за реконструкција на речното корито на реката Брегалница.

Проектот ќе се финансира со средства од Европската унија, како дел од прекуграничната соработка со Општина Струмјани од Република Бугарија. Проектот ќе биде изведуван во период од 24 месеци, а вкупната вредност изнесува 400 илјади евра, од кои двесте илјади евра се за Општина Берово, а останатите за Општина Струмјани.

Како што денеска информира градоначалникот Пекевски, со проектот се очекува да се надминат проблемите со поплавите во градот.

– Проектот е со наслов „Спасување на жителите од една планина долж две реки”, а се предвидува изведба на градежни и монтажерски работи за подобрување на текот на река Брегалница во Берово. Изведбата ќе се реализира на потегот од хотел Македонија до мостот кај Ветеринарна станица во Берово, а во партнерската општина ќе се уредува речното корито на Цапаревска река во Општина Струмјани. Со реализацијата на овој проект ќе се подобри превенцијата од природни и вештачки катастрофи, а коритото на реката Брегалница ќе добие модерен и урбан изглед, истакна Пекевски.

Проектот што заеднички ќе се реализира со општина Струмјани, ќе биде петти проект кој Општина Берово ќе го реализира со европски пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот