Потпишан договор за поддршка на болницата „8 Септември” во рамки на јапонската грант програма за мали проекти за човекова безбедност

ГОБ „8ми Сепмтеври“ Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада денеска го потпиша вториот грант договор во 2021 година, во рамки на јапонската GGP-грант програма за мали проекти за човекова безбедност во Република Северна Македонија, кој има за цел подобрување на медицинските услуги преку набавка на ултразвук за Градска општа болница „8 Септември” – Скопје, во вредност од 60.985 евра.

Преку проектот треба да се подобри квалитетот на здравствената нега на пациентите. Новата опрема ќе му овозможи на Одделот за интервентна радиологија во оваа болница да ги изведува најмодерните и софистицирани интервенции и процедури, помагајќи во борбата со различни видови на заболувања од рак.

Договорот во име на Градска општа болница „8 Септември” го потпиша директорот Христијан Костов.

-Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки и 47 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини во сите 8 региони во државата, соопшти јапонската Амбасада во земјава.

Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствената нега, образованието, животната околина, култура, спречувањето на природни катастрофи, бегалската криза, како и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот