Потпиша за Ајакс и веднаш доби казна за долгиот јазик (ВИДЕО)

Принтскрин

Младиот голман Кјел Шерпен од следната сезона ќе го носи дресот на холандскиот гигант Ајакс но по потпишувањето на договорот мораше да „одработи“ уште една домашна задача.

Имено, Шерпен кој е голем навивач на најголемиот ривал на Ајакс, Феенорд, и во минатото често тоа го објавуваше на социјалните мрежи, доби „казна“ од легендарните Марк Овермарс и Едвин ван дер Сар.

Тој во стилот на Барт Симпсон, од популарната серија „Симпсонови“, кој за казна на таблата мораше да пишува една иста реченица, така и Шерпен мораше на лист хартија да пишува „Ајакс е најдобар клуб во Холандија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот