ПОТОНА ЧАМЕЦ НА РАЈНА: Се удави цело семејство

Три лица загинаа, а едно дете се води како исчезнато по потонувањето на чамец во реката Рајна меѓу Германија и Франција, соопшти денеска полицијата.

Во потрагата по детето се вклучени спасувачи од Франција и Германија.

Претставник на полицијата изјавил дека чамецот што тргнал од германското крајбрежје утрово со четири лица потонал во францускиот град Герцхајм. Тој рекол дека загинале двајца возрасни и едно дете, а дека друго дете се води како исчезнато.

Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, а не е познат ниту идентитетот на жртвите.

На социјалните мрежи се појави информација дека станува збор за семејство, двајца родители и две ќерки.

Регионалната француска служба за спасување објави на „Твитер“ дека во потрагата се вклучени хеликоптери, нуркачи, полицајци и пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот