ВИДЕО | СП. поткаст втора епизода: Вештачка интелигенција, ИТ сектор и четботови со експертот Стојанчо Туџарски

Фото Слободен печат

Вечерва се емитува втората епизода од нашиот поткаст на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е Стојанчо Туџарски, дипломиран машински инженер и инженер по информатички науки.

Туџарски има 30-годишно искуство во ИТ индустријата, од тоа последните 10 години активно инволвиран во Data Mining, Machine Learning, Predictive Analysis, Neural Networks, AI, Deep Learning, NLP, NLG. Фокусиран на Recommendation Systems, NLP и Data Science за финансии.

Тој ни раскажува за вештачката интелигенција, четботовите како „Четџипити“, ИТ секторот во Македонија, како и бројни други теми поврзани со технологијата.

„Секој збор излезен од устата на Chat GPT и GPT-4 не е ништо повеќе од многу софистициран плагијат. Тоа го тврди Наум Чомски. По мене, човекот знае што зборува и му верувам. Плагијаторството постоело и ќе постои. Сега проблем со плагијаторството е што е толку лесно да се направи плагијат, тоа е застрашувачки. Меѓутоа, знаете што е проблемот со тие автоматски генерирани текстови и слики? Немаат вкус. Безлични се, без вкус. Најобични „common sense” работи“ објаснува Туџарски.

Експертот вели дека никогаш не може да се предвиди што следно ќе ни донесе вештачката интелигенција, а како државите ќе одлучат да го регулираат нејзиниот подем, останува да се следи во наредниве месеци.

Целиот поткаст може да го погледнете во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот