ПОТЕРНИЦА ПО ОПАСЕН МАЖ НА ВЕЛОСИПЕД: Француската полиција го бара овој човек поради нападот во Лион! (Фото)

Фото: EPA / Alex Martin, EPA / Police National

Француската полиција е во потрага по лице за кое се сомнева дека е одговорно за експлозијата во центарот на Лион,  во која се повредени 13 лица.

Полицијата апелираше на сведоците да се јават доколку ја препознаат личноста од фотографија со маж на велоспиед, која е забележана од снимките на надворешните камери веднаш да ги контактираат.

Осомничениот, кој носел шорцеви и маица со долги ракави, бил опишан како „опасен“.

Фото: EPA / Police National

Се сомнева дека тој оставил вреќа или пакет кој експлодирал.

Најмалку 13 лица се повредени кога во центарот на градот Лион експлодирал пакет бомба, соопштија од порано официјални извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот