Потера по вооружен маж во Дордоња откако пукал во полицајци

Полиција/ фото МВР

Жандармеријата е во потрага по вооружено машко лице во Лардин-Сен Лазар, во Дордоња, откако пукал кон полициски службеници, кои интервенирале при семејна расправија, јави дописникот на МИА.

– Синоќа имаше семеен спор со човек кој е вооружен, кога дојде полицијата тој отвори оган. Ние сме во процес на идентификување на ова лице кое е вооружено, изјави префектот на Дордоња, Фредерик Перисат.

Властите побараа од населението да остане во своите домови додека не заврши операцијата. Притоа, според Перисат, е воспоставен безбедносен коридор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот