Потенцијалниот лек за коронавирус влегува во трета фаза – ќе се тестира врз луѓе

Фото Архива на СП

За да се најдат најефикасни антитела кои штитат од ковид-19, научниците анализирале илјадници од нив и одбрале два кои имаат најголем потенцијал.

Експертите почнуваат со третата фаза од клиничките испитувања ( тестирање врз луѓе) на коктел од антитела за да утврдат дали тој може да лекува или да ја спречи заразата од коронавирус.

Биотехнолошката компанија Регенерон најави денеска дека почнува со клинички испитување од трета фаза на РЕГН-КОВ-2, коктел со двоен сет на антитела.

Компанијата објасни дека во трета фаза од тестирањето треба да се види дали може овој лек да го спречи развојот на инфекции кај здрави луѓе кои биле во близок контакт со заразено лице. Во оваа фаза, РЕГН-КОВ-2 ќе се тестира на 2.000 пациенти ширум САД, соопшти Си Ен Ен.

Преминувањето во трета фаза од клиничките испитувања значи дека овој лек има позитивни резултати во раните фази, кои ја проценуваат безбедноста на самиот коктел, а со кои се почна во јуни.

Ќе се тестира како лек

РЕГН-КОВ-2 исто така влегува во нова фаза од тестирањео во кое ќе се анализира неговата способност за лекување на хоспитализирани и нехоспитализирани пациенти заразени од коронавирус. Во текот на оваа студија РЕГН-КОВ-2 ќе се тестира на 1.850 хоспитализирани пациенти и 1.050 пациенти кои не се хоспитализирани, а се очекува да се спроведе на 150 места во САД, Бразил, Мексико и Чиле.

Антителата се протеини кои нашето тело ги создава по природен пат за да се заштити од зараза. За да се најдат најефикасни антитела кои штитат од ковид-19, научниците анализирале илјадници од нив и одбрале два кои имаат најголем потенцијал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот