Потегот на ФИФА за покренување дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија за Дачиќ е лицемерен

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска го оцени како лицемерен потегот со кој Светската фудбалска организација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија, откако во нејзината соблекувална на натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар, наводно било закачено знамето на која е прикажана територијата на Косово, со порака „Нема предавање”, јави дописникот на МИА од Белград.

-Замислете ако Украина каже -Крим е Украина, нема предавање. Дали некој би ја казнил и би ја избркал Украина?, праша Дачиќ во гостувањето на телевизијата Прва и додаде дека како држава Србија не можеме да реагира, бидејќи е спортска организација.

Тој изјави дека ова само зборува за лицемерието и праша што е навредливо во пораката „Нема предавање”?

-Што е навредливо кога некој вели дека нема предавање? Па што да кажат, дека ќе се предадат? Второ, тие зборуваат за фудбал и „не се предаваат” се однесува на фудбалските натпревари. Загубивме од Бразил и се очекуваше да загубиме, но сега имаме решавачки натпревари со Камерун и Швајцарија, изјави Дачиќ.

Тој потсети дека „ОН не го признале Косово, и да Србија е меѓународно призната земја и членка на ОН, со Косово и Метохија како нејзин дел”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот