Потегот на Димитријевиќ во Топ 3 најдобри во шпанската „Ендеса“! (ВИДЕО)

фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец го има третиот најдобар потег во шпанската елитна конкуренција…

Зад Ненад Димитријевиќ е веројатно една од најдобрите, ако не и најдобрата сезона откако пред пет години дојде во Шпанија. Видно зголемениот број на минути на теренот, му дадоа дополнителен елан, и пред се, уште поголема мотивација за игра на македонскиот репрезентативец.

А младиот бек на Хувентуд го покажа тоа во доста ситуации, но незаборавна е неговата напаѓачка креација на „дербито на Каталонија“, односно дуелот со Барселона.

Момент кој е окарактеризиран како трет најдобар потег во сезоната 2019/2020 во шпанската „Ендеса“ лига, зад оние на Џордан Мики (Реал Мадрид) и Џош Адамс (Уникаха).

Да се потсетиме уште еднаш како изгледаа тие десетина секунди кои донесоа вистински делириум во салата во Бадалона…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот