Потегот на Дел Потро го одушеви Ѓоковиќ и светот! (ВИДЕО)

EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Потешко од очекувањата аргентинскиот тенисер дојде до триумф против Јапонецот Јошихито Нишиока со 5:7, 6:4, 6:2, 6:7 и 6:2 и се пласираше во следната фаза на Грен слем турнирот во Париз.

Познат по своите силни удари, Дел Потро знае да ја покаже и својата емотивна страна и длабоко ги почитувал своите ривали.

На „Ролан Гарос“ се покажа како вистински човек, после епската борба во пет сета против Јапонецот во игра која траеше скоро четири часа покажа неверојатен респект кон Нишиока.

Овој потег го одушеви и со аплаузи го коментираше првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Принтскрин – Instagram.com

– Во победа или пораз, секогаш почитувај. Браво Дел Потро и Јошихито – беа зборовите на Ѓоковиќ.

Денеска се играат нови мечеви на „Ролан Гарос“, во женското натпреварување триумфи забележаа Мартиќ, Вондрусова и Кијз.

Петра Мартиќ приреди големо изненадување елиминирајќи ја втората тенисерка на светот, Каролина Плишкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот