Постојат три типа на продолжен ковид: Секој со свој сет на симптоми

Ковид-19 коронавирус
Фото: Pexels

Британските научници тврдат дека постојат три различни типа на продолжен ковид, секој со свој сет на симптоми.

Научниците ги истражувале спецификите на 1.459 пациенти со продолжен ковид, што авторите на студијата го дефинираат како чувство на симптоми најмалку 84 дена по инфекцијата, пренесува „Medical News Today“

Откриле, тврдат тие, дека луѓето со продолжена ковид може да се класифицираат во три основни групи.

Оние со невролошки симптоми како што се замор, мозочна магла и главоболки се дел од првата група. Овие симптоми најчесто се наоѓаат кај луѓе кои биле заразени со алфа и делта варијанти.

Пар со заштитни маски ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/Sergio G. Canizares

Во втората група се оние со респираторни симптоми, вклучувајќи болка во градите и отежнато дишење. Ова најмногу го доживеале луѓе кои биле заразени со оригиналната варијанта на вирусот од Вухан.

Во третата група, симптомите се различни и вклучуваат срцеви палпитации, болки во мускулите и промени на кожата, велат научниците од Кралскиот колеџ во Лондон.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Податоците од истражувањето јасно покажуваат дека продолжениот ковид не е единствен, туку има неколку подтипови“, истакнал водечкиот автор д-р Клер Стивенс, додавајќи дека „разбирањето на предизвикувачкиот агенс и подтиповите може да помогне да се персонализира дијагнозата и третманот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот