Постојат пет варијанти: Откриено како ЕУ планира да ги набави милијардите кои им ги вети на членките како помош против епидемијата

epaselect epa08557305 German Chancellor Angela Merkel (R) chats with French President Emmanuel Macron (C) while both wear face masks during a roundtable discussion on the fourth day of the ongoing Special European Council leaders' summit, the first face-to-face meeting between EU statespeople held since the eruption of the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus, in Brussels, Belgium, 20 July 2020. The heads of state and government discussed the bloc's response to the pandemic and the new long-term budget. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Најдалеку се стигна кога станува збор за данок на пластичниот отпад кој не може да се рециклира.

До 2058 година Европската унија мора да отплати 750 милијарди евра од заедничкиот долг од пакетот за економско опоравување од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. На годишно ниво, заедно со каматите, тоа се 25 милијарди евра. Бидејќи членките не сакаат да ги зголемата уплатите во европскиот буџет, ќе се обидат да обезбедат средства со воведување на нови даноци.

Ова ќе биде првпат ЕУ да ги крева даноците во поголем обем. Многу работи се уште не се извесни. На маратонскиот самит минатата недела шефовите на ЕУ ѝ наложија на претседателката на Европската комисија Урсила фон дер Лајен да изработи предлози.

1. Данок на пластика

Најдалеку се стигна кога станува збор за данок на пластичниот отпад кој не може да се рециклира. Овој данок треба да биде воведен веќе од први јануари 2021 година, на целата територија на ЕУ. Од тогаш за секој килограм нерециклирана пластика ќе се плаќа данок од 80 центи. Според проценките на ЕК, тоа се најмалку 3 милијарди евра годишно. Членките враќањето на тие пари би го обезбедиле од индустријата за амбалажа. Проблем е во следното: што ефектот на данокот е подобар, тоа количеството на отпад е помало, а со самото тоа и приходите.

2. Дигитален данок

Во првата половина на 2021 година Европската комисија треба да претстави предлог за дигитален данок, кој треба да биде воведен до почетокот на 2023 година и да обезбеди околу 1,3 милијарди евра годишно. Данокот би ги плаќале интернет гигантите, кои ширум светот остваруваат промет од над 750 милиони евра.

3. Трговија со емисии на штетни гасови

Планирано е европската трговија со емисии на штетни гасови да ср прошири меѓународниот авионски и бродски сообраќај. На тој начин,  сертификатите за заштеда на СО2 би обезбедиле приходи од околу 10 милијарди евра, проценува ЕК.

4. Данок на производи штетни за климата

До 2023 година постои можност за воведување на казнени даноци на надворешните граници на ЕУ, а за прозводи кои штетно влијаат врз климата, а се увезени од земји надвор од ЕУ со благи прописи за животната средина. Европската комисија од ова очеквуа приход од 5 до 14 милијарди годишно. Проблемот е во тоа што таков данок веројатно не би бил во склад со прописите на Светската трговска организација и би можел да предизвика жестоки судири со Кина и САД.

5. Данок на внатрешниот пазар на ЕУ

Европската комисија уште во мај ја формулираше идејата за воведување на данок за големите компании, активни на севкупниот внатрешен пазар на ЕУ, кои во споредба со малите и средни претпријатија собираат несразмерно поголем профит на внатрешниот европски пазар без граници. Според проценките на ЕК, ова би обезбедило приходи од десет милијарди евра годишно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот