Постојано сте гладни во самоизолација? Пробајте со овие неверојатно успешни трикчиња

1. Вода и чај

Водата и некои видови на чај можат да ви дадат чувство на ситост и така да го смират вашиот апетит. Многу често чувството за жед го мешаме со чувството за глад. Една чаша вода може да ја намали потребата за храна. Зелениот чај го намалува апетитот и го поттикнува согорувањето на калории. Некои студии покажуваат дека една чаша чај од улун наутро, ќе ја забрза оксидацијата на мастите за дури 12 проценти, додека црниот чај го намалува нивото на шеќер во крвта и со тоа дава чувство на ситост.

2. Притиснете тупаница

Повеќето луѓе се често гладни кога чувствуваат стрес, неизвеснот, тензија. Обидете се да ги канализирате тие чувства со помош на вашите мускули ( било кои). На пример, притиснете ги прстите силно во тупаница. Истражувачите сметаат дека позитивниот резултат од оваа мускулна активност е во тоа што, на несвесното ниво, напнатоста на мускулите ја поврзуваме со желбата за храна.

3. Гледајте смешен видео клип

Група научници од Бразил сметаат дека смеењето го активира „хормонот на среќата“ – серотинин, кој влијае на намалувањето на апетитот.

4. Разговарајте преку телефон со пријателите

Според една американска студија со слушањето на познатиот глас полн со поддршка, се активира лачењето на антистресниот хормон окситоцин кој го подобрува расположението. Намалувањето на стресот е поврзано со лептинот, хормонот кој го стимулира чувството на ситост.

5. Не губете ја волјата

Едно истражување покажа дека волјата не напушта на крајот на денот, а со тоа нашата способност да им се спротивставиме на искушенијата се намалува. Избегнувајте билокаква дополнителна стресна состојба во текот на денот која ќе ви ја намали силата на волјата. На , тој начин ќе ја сочувате за моментите за кои ќе ви биде многу повеќе потребна, на пример, кога навечер ќе сакате да го нападнете фрижидерот.

6. Играјте игри

Играјте игри кои ментално ќе ве окупираат. Решавањето на крстозбор, ребус или судоку ќе ви помогне да ги оттргнете мислите од храната.

7. Бидете љубезни

Дали сте во состојба на несогласување со ваш пријател, колега или некој од семејството? Напишете му е-меил за да ги подобрите односите. Истражувањата покажуваат дека вознемирените луѓе се повеќе склони на прејадување од останатите.

Верувале или не, љубезноста може да го намали вашиот апетит. Станува збор за емотивна празнина поради која сте гладни : позитивните работи се проследени со позитивни емоции кои го лачат хормонот серотинин, а тој како што претходно наведовме влијае на намалување на апетитот.

8. Вежбајте

Тврдењето дека после физичка вежба се огладнува претставува мит. Токму спротивно. Според истражувањата вежбањето го стимулира хормонот пептид ( задолжен за намалување на апетитот) и го намалува лачењето на хормонот грелин (задолжен за поттикнување на апетитот). Исто така, вежбите за зајакнување на мускулите го намалуваат производството на грелин за 25 проценти. Доколку не сте љубител на вежбањето, тогаш пробајте ја јогата. Луѓето кои ја практикуваат јогата имаат помал апетит.

9. Движете се низ просторијата

Колку повеќе седите ,толку поголем е и вашиот апетит- покажуваат истражувањата од Американскиот Универзитет во Масачусетс. Физичката неактивност го поттикнува зголеменото ниво на шеќер во крвта , а тоа предизвикува силно чувство на глад.

10. Уживајте во мирисите

Мирисите имаат силно влијание на мозокот и желудникот. Ароматичните стапчиња можат да го излажат мозокот давајќи му сигнали преку мирисот дека веќе сте јаделе. Според едно истражување, мирисот на црната чоколада е поефикасен од нејзиниот вкус во намалување на лачењето на хормонот грелин. Пробајте со јасмин. Мирисот од јасмин го намалува апетитот, го намалува чувството на анксиозност и ја зголемува енергијата.

11. Бидете позитивни

Стресот го поттикнува производството на хормонот кортизол кој го блокира лептинот, хормонот кој ви дава чувство на ситост. Обидете се да зборувате позитивно, да мислите позитивно и да бидете најпозитивни што можете.

12. Облечете костум

Истражувањата покажуваат дека костумот допринесува луѓето во текот на работниот ден да се чувствуваат попродуктивно и посигурно. Ако работите од дома и ви недостига дисциплина, пробајте да облечете костум, па потоа седнете пред компјутерот. Костумот ќе ви ја зголеми самодовербата и решителноста во спроведувањето на задачата. Неверојатно, зарем не? А, задоволството од успешно сработената задача ќе ве направи и сити.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот