Постојано добива барања за финансиска помош: На Индиец му преседнала добивка на лотарија

Фото: SUMANTV

Добитник на лотарија во Индија објави дека ќе мора со семејството да се исели од домот, бидејќи не може повеќе да се одбрани од безбројните барања за финансиска помош поради кои и зажалил за освојувањето на добивката.

Возачот Аноп од јужната сојузна држава Керала освоил 250 милиони рупии, околу три милиони евра, на државната лотарија овој месец, пренесува Би-би-си.

Една седмица подоцна објави видео во кое бара од туѓинците да престанат да го тормозат него и неговото семејство.

„Подобро да не ја освоев оваа добивка“, вели Индиецот.

Аноп во изјава за медиумите истакнал дека размислува за селење за да го избегне огромното внимание на јавноста.

Тој се најде насловните страници на весниците кога ја освоил наградата, најголемата понудена на лотаријата во таа јужна индиска држава.

Апон среќниот лоз го купил на 18-ти септември, ден пред да замине за Малезија на работа, откако ги земал пари за уплата од штедната касичка на синот.

Но откако била објавена веста за неговата добивка, семејството го привлекло вниманието на јавноста.

„Бев пресреќен кога победив. Имаше многу луѓе и камери во куќата и бевме среќни“, истакнал Аноп и додал дека за жал радоста кратко траела бидејќи ситуацијата набрзо излегла надвор од контрола.

Фото: SUMANTV

„Не можам да излезам од куќата, не можам да одам никаде, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, истакнал лото добитникот

Аноп кој ќе добие 150 милиони рупии откако ќе ги плати државните даноци, вели дека луѓето доаѓаат во неговата куќа секое утро.

„На сите можам да им кажам дека сѐ уште не сум ги добил парите. Се чини дека тоа никој не ме разбира“, вели тој.

Индиецот изјавил дека тој и неговото семејство се преселиле кај роднините за да го избегнат вниманието.

Владата на сојузната држава Керала рекла дека за Аноп организира еднодневна програма за обука за финансиско управување за да му помогне подобро да ги искористи парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот