Ѓоковиќ и невакциниран ќе игра на Ролан Гарос?!

Ѓоковиќ е актуелен шампион на Ролан Гарос/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Иако пред неколку дена француската министерска за спорт најави дека само вакцинирани тенисери ќе можат да настапат на Ролан Гарос, постои можност за промена на одлуката.

Имено, денеска францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека постои можност задолжителната вакцина да престане да биде услов за влез во земјата иако од понеделник ќе стапи на сила одлуката само вакцинирани лица да можат да влезат во Франција.

– Одлуката може да биде суспендирана доколку епидемиолошкиот и болнички притисок значително се намали и тоа на долги патеки – рече Кастекс.

Конечниот збор за ваквата одлука сепак ќе го има министерот за здравство, Оливие Веран.
– Ќе ја применуваме вакцинациската пропусница се додека биде потребно, но не и подолго од тоа – потенцира Веран.
Ролан Гарос треба да се игра од 16 мај до 5 јуни и доколку се подобри ситуацијата со коронавирусот, и Новак Ѓоковиќ би можел да настапи.
Претходно, австралиските власти му ја укинаа визата на Ѓоковиќ и не му овозможија да ја брани титулата на Австралија Опен бидејќи виза доби со медицинско изземање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот