Постои реална опасност од прекин на струја во Европа, предупреди комесарот Ленарчиќ

Јанез Ленарчиќ/ Фото EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја во ЕУ.

„Можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ”, рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.

Ленарчиќ изјави дека ЕУ работи на две сценарија.

Ако само одреден број земји-членки се погодени од проблемот, како што е прекин на струја, другите земји на ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија, како што е во случај на природна катастрофа, објасни тој.

„Но, доколку истовремено би биле погодени поголем број земји, така што не е можна взаемна помош, тогаш Комисијата ќе ги покрива потребите од стратешките резерви”, рече еврокомесарот.

Ленарчиќ истакна дека Европската комисија во своите стратешки резерви има противпожарни авиони, генератори на струја, пумпи за вода и лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот