Постои ли опасност Атиџе да биде искористена во партиска пропаганда?

После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Атиџе се неизмерни, рече министерот без ресор за привлекување странски инвестиции во македонската влада, Елвин Хасан.

Министерот без ресор за привлекување странски инвестиции во македонската влада, Елвин Хасан помина 36 километри пеш за да се сретне со Атиџе Муратова, главниот јунак од филмот „Медена земја“ кој нодамна доби две номинации за Оскар.

Десетиците километри не му претставуваа проблем на министерот и неговата придружба да ги изпешачат за да се видат со хероината од филмот која ги освои срцата ширум светот со својата животна приказна.

-Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7часа) од село Дорфулија до село Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата. Филмот достигна светски успеси, има добиено бројни награди и две номинации за Оскар. После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Атиџе се неизмерни. Нова вест е предлогот на градоначаникот Атиџе да почне со работа. Сметам дека таа не би требало да има проблем до пристапот на работното место бидејќи има изграден пат од родното место до Лозово.- изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ министерот Хасан.

Според него, порака на Атиџе – Пола за мене, пола за нив (пчелите) треба многу сериозно да се сфати и ние како држава, но и во светски рамки.

-Постојано говориме за глобалното затоплување за уништување на природата и таа порака и традиционален пристап кај пчеларите, каде што човекот зема онолку колку да ги задоволи своите потреби, а другиот дел го остава за да можат истите пчели да преживеат. Грижата за природата во тој традиционален пристап на пчеларење е начин кој што треба да го смени нашиот начин на размислување- истакна Хасан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот