Постигната согласност за нов спортски клуб Еурофарм Пелистер

фото: РК Еурофарм Работник

Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски говореше за две точки поврзани со реконструкција на спортската сала, односно во најбрз можен рок ќе заполне реконструкцијата на санитаријата под јужната трибина.

Воедно ќе се започне и со засилување на осветлувањето, како неопходни услови во спортската сала „Боро Чурлевски“ да биде во најдобар ред и да се играат натпревари во рамките од СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

За третата точка ќе се овласти градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска да се спроведе и реализира платформата за ракометна Битола.

Прифатливи се заклучоците донесени пред два дена на општинскиот Совет за Еурофарм Работник. Значи, прифатливо е сопствеништвото во двата клуба да биде 75 проценти на Еурофарм Работник, а 25 проценти на Општината, пренесува „tera.mk“

Приватниот субјект годишно да вложува најмалку 45 милиони денари, а Општината 15 милиони денари. Вкупниот буџет на двата клуба ќе биде најмалку 60 милиони денари.

Сезонава ќе се игра со „сино-бели“ дресови, а од наредните години клубот со новото име Еурофарм Пелистер ќе користи „сино-бели“ и „зелено-бели“ дресови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот