Постигнат начелен договор меѓу ЕУ, Украина и Русија за транзит на гасот

Русија и Украина под покровителство на ЕУ синоќа постигнаа договор за принципите за транзит на гасот, најави еврокомесарот Марош Шефчович, олеснувач на преговорите меѓу Киев и Москва.

Последната рунда на овие трилатерални преговори заврши без договор и со малку надеж за пробив, но вчера Европската Комисија изрази задоволство што е постигнат консензус за „клучните елементи”.

Преговорите за транзит на рускиот гас преку Украина до европските земји се фокусирани на изнаоѓање договор помеѓу рускиот Гаспром и украинскиот Нафтогас, чиј рок завршува на крајот на оваа година.

Иако европските земји имаат доволни резерви за одреден временски период, ЕУ стравува од неизвесност околу протокот на гас во зимскиот период посебно.

Шефчович синоќа го поздрави постигнатиот начелен договор, деталите ќе се преговараат во текот на денешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот