Постигнат е историски договор, се огласи Трамп (ВИДЕО)

Profimedia

Американскиот претседател, Доналд Трамп, по потпишувањето на договорот меѓу Белград и Приштина изјави дека Србија и Косово се согласиле за нормализација на економските односи.

Тој го поздравил огромниот напредок што е постигнат. Навистина, ова е историско, се радувам на посетата на двете земји, во не толку далечна иднина, кажал американскиот претседател во Белата куќа.

– Овој договор ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место, изјави Трамп,

Трамп потенцира дека овие земји сакаат подобра економска соработка во регионот и изрази верување дека тие ќе напредуваат набрзо.

Тој додаде дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Израел – во Ерусалим, а Косово дека ќе го признае Израел, како дел од преговорите со посредство на САД.

По церемонијата, Трамп се огласи и на „Твитер“:

„Уште еден ден за кој сите мислеа дека е невозможен. Честитки за српскиот претседател Александар Вучиќ и за косовскиот премиер Авдулах Хоти за посветеноста за економска нормализација. Ова е голем чекор напред кој води кон просперитет и мир на Балканот и во светот. Горд сум што им помагав на овие лидери“.

Белград и Приштина објавија дека ги нормализирале економските односи во рамките на преговорите, со посредство на Соединетите Американски Држави, кои, како што наведуваат, вклучуваат преместување на српската амбасада во Ерусалим од страна на Белград и признавање на Приштина од Израел.

По дводневните состаноци со претставници на администрацијата на Трамп, Вучиќ и Хоти се согласија да соработуваат за голем број економски прашања со цел да се привлечат инвестиции и да се отворат нови работни места.

Потпишан економскиот договор меѓу Белград и Приштина во Белата куќа (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот