Постигнат е договор: Првенствата до јули, а ЛШ и Лига Европа во август!?

twitter.com/ManCityUS

Така барем информира шпанското радио „Кадена СЕР“, а истиот извор вели дека сезоната 2020/21 би требало да започне според планот, во септември.

Одржан е состанок помеѓу УЕФА и Асоцијацијата на европските клубови, тврдат шпанските медиуми. На овој состанок договорено е националните шампионати да завршат во јули, а Лигата на шампионите и Лига Европа во август.

Така барем информира шпанското радио „Кадена СЕР“, а истиот извор вели дека сезоната 2020/21 би требало да започне според планот, во септември.

Но, до почетокот на наредната натпреварувачка сезона фудбалерите ќе имаат само 21 ден одмор.

Исто така Шпанците тврдат дека ЛШ и ЛЕ би биле одиграни според посебни правила, односно дека сите мечеви од четвртфиналето и полуфиналето ќе се организираат во рок од 15 дена.

Ќе се игра еден натпревар, на неутрален терен и без публика. И националните шампионати најверојатно ќе се играат без публика оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот