Постигнат договор во ОПЕК за намалување на дневното производство на нафта

Се очекува утре во Виена да се оддржи видео  средба на земјите од ОПЕК + за намалување на светското производство на нафта.

– Во рамки на договорот што го постигна со земјите од ОПЕК, Русија изрази подготвеност за 14 отсто да го намали производството на нафта, што значи за 1,6 милиони барели дневно, соопшти денеска неименуван претставник на руското Министерство за енергетика, пренесе Тасс.

-Ја потврдуваме нашата подготвеност да го намалиме производството  на руска нафта за 1,6 милиона барели дневно, рече претставникот на Кремљ.

Според некои извори, во новиот договор се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и другите земји, а предвидено е вкупното намалување на глобалното дневно производство да изнесува  70 милиони барели.

Се очекува утре во Виена да се оддржи видео  средба на земјите од ОПЕК + за намалување на светското производство на нафта.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го намали дневното производството на нафта само доколку и другите земји,вклучувајќи ги и САД, го сторат истото.

Претходниот договор во рамки на ОПЕК заврши на 31 март, но Русија и Саудиска Арабија не се договорија за неговото продолжување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот