Постхумно е објавен романот „Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ (1936-2020), како 198. издание во едицијата „ПРОаЗА“.

Романот е најден во оставината на писателката, завршен и подготвен за печат. Пишуван е од почетокот на 2017 до почетокот на 2020 година, а издаден со финансиска поддршка од Министерство за култура.

„Еден сив мартовски ден“ е класичен психолошки роман, со интроспекции и ретроспекции, богат со детали од секојдневниот градски живот. Дејството на романот се одигрува главно во Скопје, во периодот на крајот од 40-тите, па сѐ до крајот на шеесеттите години од 20 век.

Тања Урошевиќ беше писателка и преведувачка. Авторка е на романите „Аквамарин“ (2004) и „Превид“ (2008), на збирките раскази „Црвена нишка – железен прстен“ (2009) и „Три новели“ (2017), на повеста „Ура, Арал!“ (2019) и на подолгиот расказ „Размена на пораки“ (2013) во истоимената книга објавена заедно со Влада Урошевиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 104, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 6-7 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот