Постхумен албум на Авичи: Семејството на хитмејкерот ги објави песните кои ги оставил

Фото EPA-EFE/BJOERN LINDGREN SWEDEN OUT

Поминаа повеќе од 12 месеци откако светот го загуби познатиот диџеј Авичи, но неговото постхумно наследство допрво почнува.

Откако пред три години одлучи дека веќе нема да оди на турнеи, во емотивно писмо до фановите, тој сепак продолжи да прави песни со кои секој може да се поистовети.

Зад себе остави многу речиси довршени песни, како и текстови и пораки кои се дел од овој албум.

По смртта на хитмејкерот, семејството сега одлучи да го сподели неговиот труд со неговите фанови низ светот. Така, на 6 јуни излезе неговиот последен албум.

На ова издание насловено како неговото вистинско име – Тим, се наоѓаат 12 песни, кои тој речиси ги комплетирал пред трагичната смрт.

На иницијатива на семејството, неговите соработници го довршиле албумот, кој неодамна беше најавен со синглот „SOS“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот