Постепено се намалува бројот на кучиња скитници во Скопје, за една година заловени 823 кучиња

ЈП Лајка / Фото: Драган Митреска - Слободен печат.

За една година, вкупно 823 кучиња се заловени од јавните површини во Скопје, 361 кастрирани и 312 стерилизирани, 587 кучиња вратени на локација и заловени се 32 кучиња кои потоа им биле вратени на сопствениците, информираат од ЈП „Лајка“.

Од заловените бездомни животни кои екипите на ЈП „Лајка“ ги лоцирале на некоја од јавните градски површини, а потоа ги однеле во просториите на јавното претпријатие, вработените успеале да посредуваат во дури 120 вдомувања на кучиња во Скопје, а дури 48 кучиња успешно биле вдомени во странство, со што им е обезбеден топол дом и љубов од страна на вистински љубители на животните.

– Досега имаме вдомено кучиња во САД, Шведска, Белгија, Франција и Германија, а секое куче по завршување на хуманиот третман има можност за вдомување во земјата и странство. За да патува на секое куче му е потребен пасош и уредна вакцинација согласно закон, ја објаснуваат постапката за вдомување од страна на ЈП „Лајка“.

Во оваа календарска година, вработените во ова јавно претпријатие на терен лоцирале и заловиле дури 17 напуштени кучиња со микрочип. За жал, меѓу кучињата има и  5 угинати како и 15 евтаназирани животни.

ФОТО | Љубов кон животните од мали нозе: Преслатката Маргарита е најмладиот вдомувач на кученце од ЈП „Лајка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот