Постави ултиматум: Шон Пен нема да снима сѐ додека целата екипа не се вакцинира

шон пен
Фото: Profimedia

Познатиот американски актер и режисер Шон Пен (60) ја снима серијата „Гаслит“ и се одлучи на несекојдневен драстичен потег да го прекине снимањето.

Шон своето враќање на снимањето го услови со вакцинирање на целата екипа, од актерите до техничкиот персонал.

Актерот, покрај своите барања, на сите ќе им овозможи бесплатно вакцинирање преку неговата организација КОРЕ, а на овој чекор се одлучи поради влошената состојба со пандемијата во Лос Анџелес, каде на сила повторно стапи мерката за носење маски во затворен простор.

Со овој потег Шон сака да го поттикне Холивуд, но и пошироките маси да одлучат да се вакцинираат.

Во „Гаслит“, покрај Шон, главната улога ја има и светски познатата Џулија Робертс, а претстојната серија се занимава со скандалот Вотергејт и жанровски се вклопува во политички трилер.

Покрај Џулија и Шон, улоги добија и Ден Стивенс (38), Бети Гилпин (35) и Ши Вигам (52).

Видео на денот