Поставено ново ЛЕД енергетски ефикасно улично осветлување во Дебар Маало

Во населбата Дебар Маало, на улиците „Коле Неделковски”, „8 Март” и „Наум Наумовски Борче” отстранети се бандерите кои го попречуваа движењето и поставени се нови ЛЕД светилки, кои значително ќе ги намалат трошоците за електрична енергија, соопштија од Општина Центар.

Од Општината наведоа дека откако кабловските оператори ги симнале каблите од бандерите под земја на тие улици вклучително и на „Орце Николов”, како дел од последните подготовки за првата фаза на реконструкцијата на улицата, дрвените бандери се отстранети, јавниот простор е ослободен за движење и поставено е  ново улично осветлување.

– Општина Центар продолжува со замена на старото и дотраено улично осветлување, како и поставување на нови улични светилки на улиците на територија на општината. Со поставувањето на новото енергетски ефикасно и еколошко ЛЕД осветлување, Општина Центар презема уште еден чекор кон креирање на подобри услови за живот во современа и урбана општина, истакнаа од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот