Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром за олеснето одвивање на сообраќајот

Поставени се заштитни столпчиња по должината на улицата „Методија Шаторов-Шарло” во Стар Аеродром, кај кафеаната „Еквириблиум” со што се става крај на непрописно паркираните возила и се овозможува непречено одвивање на сообраќајот во овој дел од Општината.

Општина Аеродром воедно, најавуваат дека во наредниот период ќе бидат поставени уште околу 400 столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, и тоа на следниве локации: ул. „Методија Шаторов-Шарло” бр. 30,  бул. „Трета македонска бригада” бр. 41,  ул. „Пандил Шишков” бр. 1, на ул. „Фрањо Клуз” бр. 2, ул. „1612″ бр. 1 и на ул. „1613″ бр. 2.

Со поставувањето на столпчињата ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот, наведуваат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот