Поставени заштитни столпчиња и огради за поголема безбедност на пешаците во Лисиче

Заштитни столпчиња и огради се поставуваат на различни локации во населбата Лисиче, каде, како што информираат од Општина Аеродром, редовно има поголема фреквенцијата на пешаци и возила.

Вакви сообраќајни решенија досега се поставени на тротоарите што се во непосредна близина на трговскиот центар во Лисиче, пред влезот и по должина на тротоарот покрај детската градинка „Буба Мара”, како и пред влезот на основното училиште „Димитар Македонски”.

Според градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите на општината.

– Постојано работиме на подобрување на сообраќајната сигнализација и нејзино редовно одржување. Пред сите училишта поставивме хоризонтална и вертикална сигнализација за што поголема безбедност на нашите ученици. Исто така, секаде каде што постои можност поставуваме столпчиња и огради за да го спречиме непрописното паркирање или минување на возилата, кои со тоа за жал ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот. Истовремено се грижиме и за велосипедистите, кои особено во летниот период се активни учесници во сообраќајот и имаат свои патеки по кои можат непречено да се движат, рече Златко Марин, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Од Општината Аеродром, исто така, информираат дека во текот на овој месец ќе се реконструираат тротоарите околу трговскиот центар во населбата Лисиче, како и на други локации низ општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот