Поставени рекордни 807 пратенички прашања во швајцарскиот парламент

epa07209439 Newly elected Swiss Federal Councillors Viola Amherd (C-L) of the Christian Democratic People?s Party of Switzerland (CVP) and Karin Keller-Sutter (C-R) of the Free Democratic Party (FDP) are being sworn in, in front of the parliament after their election into the Swiss Federal Council in Bern, Switzerland, 05 December 2018. EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Огромниот број пратенички прашања веќе беа тема на собраниска седница, затоа што нивната обработка со себе носи многу работа за државните службеници.

Швајцарскиот Парламент во летната сесија се соочува со рекорден број од 807 поставени пратенички прашања.

Пратениците не можат само да држат говори и да гласаат за законите, туку можат да напишат и прашања, или да побараат извештаи на кои надлежните мора да дадат одговор.

Можноста за поставување прашања пратениците масовно ја користеа на вонредната седница во мај и летната сесија.

– Бројот на пратенички прашања расте секоја година. Уште во 2004 година, во просек имавме 187 прашања по сесија, објасни Урс Брудерер за швајцарскиот весник „Блик”.

Огромниот број пратенички прашања веќе беа тема на собраниска седница, затоа што нивната обработка со себе носи многу работа за државните службеници.

Во просек, одговор на пратеничко прашање чини 6.120 швајцарски франци, беше проценето пред 13 години, и тоа во одговор на едно пратеничко прашање. Имајќи ги предвид овие бројки, сегашниот рекорден број прашања државата ќе ја чинат повеќе милиони франци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот