Поставени бројчаници на семафори на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје

Семафор / Фото: МИА

Почна поставувањето на бројчаници на семафорите на на крстосниците на булеварот со улиците „Натанаил Кучевишки”, „Боца Иванова” и „Босна и Херцеговина”.

Како што информираат од Град Скопје, бројчаници на семафорите во Скопје ќе бидат поставени дополнително и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање.

– Едно од ветувањата во предизборната кампања за локалните избори на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска беше поставувањето на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде не се следи движењето од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје – ЦУКС.

Покрај поставувањето на бројчаниците, како што се вели во соопштението, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот