Поставена опција за откажување донација на апликацијата МојДДВ

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека на апликацијата МојДДВ  е поставена опцијата за откажување донација.

-Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата треба да ја симнат новата верзија на апликацијата Мој ДДВ. Полето „Откажи Донација” се појавува само кај оние корисници на апликацијата „МојДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јануари – март 2020 за справување со COVID-19, наведува УЈП.

Според Управата, оваа опција ќе биде достапна на апликацијата  „МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот