Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк

Фото: Град Скопје

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поставија новата парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк.

– Новиот парковски елемент целосно се вклопува во природниот амбиент, придонесува за збогатување на содржините во паркот и е вистинско место за пријатен престој на отворено. Видиковецот е изработен од дрвени елементи и е покриен со шиндра. Одржувањето на зеленилото, уредувањето нови зелени површини и поставувањето нова парковска опрема е само дел од активностите што деновиве ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк, а нивните екипи се особено активни во неговиот втор дел – информираат од Град Скопје.

Инаку, во градскиот парк според надлежните, продолжува и реконструкцијата на средишните пешачките патеки која ја врши ЈП „Улици и патишта“, а ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри.

Во наредниот период службите од Градот Скопје најавуваат дека ќе извршат и обнова на оштетената урбана опрема во градскиот парк, а ќе се обноват и нефункционалните чешми за пиење на вода и фонтани, како и ќе се изврши дополнително зазеленување на постоечките тревници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот