Нова станица за мерење на нивото на загаденост во воздухот е поставена во основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Волково, Општина Ѓорче Петров.
Од општината информираат дека мерењето ќе се врши три пати годишно по 15 дена.
-Општината Ѓорче Петров го прифати проектот „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“ кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, велат од Општината.
– Целта на студијата е да се добијат информации за поединечните извори на загадување на избраните локации, кои пак треба да бидат основа за креирање на ефикасни и реални политики за унапредување на квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето, информираше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.