Поставена бистата на американскиот претседател Вудро Вилсон во Чаир

Фото: МИА

Македонскиот народ и албанското малцинство, се многу благодарни на американскиот претседател Вудро Вилсон за зачувувањето на етничките и територијалните интереси на балканските народи, беше дел од пораката на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, по повод свечената академија за инаугурацијата на бистата на претседателот Вилсон во дворот на општината.

Ганиу, пред присутните, меѓу кои и делегација од родниот град на Вилсон, Стаунтон во САД, изјави дека Вилсон беше дипломат и интелектуалец, кој во сите важни политички одлучувања ја користел мудроста пред ароганцијата и прагматизмот пред арбитрарноста.

– Нашата општина ќе продолжи да ја негува традицијата на соработка и пријателство со градот Стаунтон, Вирџинија, САД, преку институционализирање на оваа соработка низ разни форми и проекти. На иницијатива на Али Ахмети, фигурата на претседателот Вилсон, отсега ќе биде пред нашата Општина и тоа ќе биде добра инспирација за сите нас, која истовремено гласно зборува за одредниците како граѓани, општина и како земја – рече Ганиу.

Градоначалничката на Градот Стаунтон, Кароли Даул, пред присутните на академијата на која присуствуваа и претседателот на Парламентот Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и многу други политички и дипломатски претставници, истакна дека е почестена со нејзиното присуство во Општина Чаир за размена на идеи, култури меѓу нашите градови, во време кога поголемиот дел од светот е поделен во конфликти.

– Нашата врска се одвиваше во духот на мирот и меѓусебното пријателство. За нас е битно да продолжиме да ги рефлектираме делата во кои светот денес ужива благодарение на претседателот Вилсон. Исто така, чест ми е што сум во родното место на Мајка Тереза, една од најинспиративните личности од Македонија. И покрај тоа што нашите два града се многу далеку еден од друг, јас ве сметам за добри соседи – рече градоначалничката Даул.

Инаку, американскиот претседател Вудроу Вилсон на балканот е познат како бранител на малите народи, односно поддржувач на народите за слобода и самоопределување. Во Соединетите Американски Држави Вудро Вислон се памети како еден од подобрите претседатели, но и како голем расист и верски фанатик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот