Пост корона ТВ договор: Бундеслигашите покуси за 200 милиони евра

Најавите дека пандемијата на коронавирусот ќе се одразат и на спортот преку намалување на договорите за ТВ правата, почнаа да се остваруваат и први кои се најдоа на удар се бундеслигашите.

Бундеслигата е првата европска лига која по пандемијата на коронавирусот ги продаде ТВ правата. Телевизијата Скај и интернет платформата Дазн во наредните четири години ќе платат 4.4 милијарди евра за преноси на натпреварите од Бундеслигата и од втората лига.
Ова сума е за 200 милиони евра помала од претходниот договор кој истекува на лето, но треба да се напомене дека оваа сума е само за преноси на териториите на Германија, Швајцарија и Австрија.

Со новиот договор Скај ќе ги пренесува сите натпревари кои ќе се играат во саботите, околу 200 по сезона, додека Дазн ќе ги има екслузивните права за 106 натпревари по сезона и тоа за средбите кои се играат во петок и недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот