Посна и безглутенска чоколадна торта

стар леб чоколадна торта
Фото: Unsplash

Состојките овозможуваат секој да може да ужива во оваа чоколадна торта. Дури и оние кои се вегани, оние кои постат, како и оние кои се нетолерантни на глутен или не поднесуваат лактоза.

Состојки:

 

За кората:
– 300 грама растителен маргарин
– 300 грама безглутенско брашно
– 300 грама шеќер во прав
– 2 лажици екстракт од ванила
-200 грама јогурт од соја
– 2 лажици безглутенски прашок за печиво
– ½ лажичка ксантанова гума
– 70 грама какао
– 6 лажици оризово млеко
– 100 грама свежи малини, за декорација
– рендано темно чоколадо, за декорација

За филот:
– 200 грама шеќер во прав
– 4 лажици какао
– 100 грама растителен маргарин
– 2 лажици јогурт од соја

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. За да ја направите кората, почнете така што во сад ќе ги изматите шеќерот и маргаринот додека добиете пенеста и светла смеса, а потоа додајте им ги екстрактот од ванила и јогуртот од соја и продолжете со матење додека убаво да се изедначат. Во истиот сад додајте ги брашното, ксантанската гума, прашокот за печиво и какаото и повторно мешајте до изедначување.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот