Последно предупредување за неверниот Вејн Руни

На Колин Руни полека го губи трпението со неверниот Вејн и неговите чести испади во јавноста. Овој пат, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација е фотографиран во Ванкувер и тоа во раните утрински часови и тоа во друштво на непозната девојка.
Неговата сопруга, веднаш откако го виде испадот на сопругот, го извади венчалниот прстен од раката како последно предупредување.

„Тој постојано прави прости и себични грешки. Некогаш ќе научи нешто од сопствените грешки, но во повеќето случаи, не. Пред да започнат приказните, да, го извадив прстенот иако многумина ќе кажат немој да правиш така, направи вака. Во моментов не чувствувам причина да го носам прстенот. Јас на прстенот гледам како знак на приврзаност.

Исто така, не го носам прстенот кога одам да вежбам, што значи дека ова не е разделба. На луѓето кои ме сожалуваат сакам да им порачам една работа, немојте да ме сожалувате, јас сум силна личност. Дали го сакам Вејн, да го сакам. Сакам да продолжиме да се бориме да го сочуваме семејството, но мора сите заедно да работиме на тоа“, напиша Колин Руни, како последно предупредување за неверниот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот