Последните зборови на овие 7 легенди пред смртта: Вака тие се збогуваа со светот! (ФОТО)

Нивните последни зборови беа запаметени, исто како и тие самите…

Никој навистина не знае што се случува во моментите пред смртта. Можеби навистина целиот живот ќе ви помине пред очите, а можеби и некои убави мисли ќе ви поминат низ главата, пишува „Huffington Post“. Ова се седум изјави на луѓе што се паметат, исто како и нивните последни зборови.

1. Не, јас навистина не можам

Фото: Профимедиа

Американскиот претседател Џон Ф. Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година додека се возеше со сопругата Џеки Кенеди и гувернерот на Тексас и неговата сопруга Нели Конали. Конали ја погледна публиката и рече: „Вие не можете да кажете дека луѓето од Далас не ви дадоа убав пречек “, на кое Кенеди одговори: „Не, јас навистина не можам“, само еден момент пред атентатот.

2. Имаш право. Време е. Ве сакам сите

Фото: Профимедиа

Мајкл Лендон е познат како саканиот татко од серијалот „Мала куќа на периферијата“, а исто така и во реалниот живот беше семеен човек. Во последните денови од животот, Лендон беше опкружен со своето семејство: деветте деца и неговата сопруга Синди. Пред да ги каже последните зборови на семејството, тој побарал да биде сам со својата сопруга. Тој почина во 1991 година од карцином.

3. Се надевам дека не ви здодеав

Фото: Профимедиа

Ова беа зборовите на последната официјална изјава на легендарниот Елвис Присли. Кралот на рокенролот почина од предозирање во неговиот дом во август 1977 година, а последните зборови биле ветување на неговата свршеница Џинџер Алден дека нема гордо да заспие на подот од бањата.

4. Конечно ќе ја видам Мерилин

Фото: Профимедиа

По смртта на неговата поранешна сопруга Мерилин Монро, која почина во 1962 година, Џо Димаџио, наводно, испраќал ружи на нејзиниот гроб неколку пати неделно уште цели две децении откако таа почина. Димаџио починал во 1999 година од карцином на белите дробови.

5. Вечерва заминувам

Фото: Профимедиа

„Кумот на соул музиката“ Џејмс Браун почина од срцев удар во 2006 година, а неговите последни зборови биле: „Заминувам вечерва“ кои му ги кажал на неговиот менаџер.

6. Пеколно добро се забавував и уживав во секој момент

Фото: Профимедиа

Актерот Ерол Флин ги кажа овие горчливо – слатки зборови непосредно пред да умре од срцев удар во 1959 година. Тој беше погребан со шест шишиња виски.

7. Никогаш не требаше да се префрлам од виски на мартини

Фото: Профимедиа

Ова се наводно последните зборови на легендарниот актер од „Казабланка“, Хемфри Богарт, кој почина од карцином во 1957 година. Некои извори тврдат дека неговите последни зборови всушност биле: „Збогум, мала. Побрзај назад“, упатени до неговата сопруга Лорин Бекол, која накратко заминала од неговата постела за да ги собере децата од училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот