Последните моменти на Бојан од „Амадеус“: Лекарите се собрале околу неговиот кревет, пуштиле песна од бендот и запеале!

Бојан Златановиќ, тапанар на групата „Амадеус“ попознат како Токан, почина на 45-годишна возраст како последица од коронавирисот, а неговиот колега и пријател Бојан Станимировиќ раскажа како изгледале последните моменти на музичарот додека лекарите во болницата се бореле за неговиот живот.

Тажна вест: По тешката борба со коронавирусот почина Бојан Златановиќ од „Амадеус бенд“

Бојан Станимировиќ, член на „Амадеус бендот“, не може да се помири со загубата на неговиот имењак, голем пријател и колега, Бојан Златановиќ, кој ја загуби битката со коронавирусот.

Instagram
Бојан Златановиќ / Instagram

„Лекарите и медицинските сестри од „КБЦ Д-р Драгиша Мишовиќ“ го одржуваа со живот со сета своја моќ, дури во еден момент се собрале околу неговиот кревет, му пуштиле песна од бендот „Амадеус“ и сите запеале гласно“, открил Станимировиќ.

Тој за „Курир“ истакна дека Токан ќе живее вечно преку бендот Амадеус.

Најдобриот тапанар и пејач кој го имавме. Огромна благодарност до болницата „КБЦ Д-р Драгиша Мишовиќ“ што дадоа се од себе за да го спасат. Тој ќе живее засекогаш преку бендот Амадеус. Луѓето како мојот брат Токан никогаш не умираат. Амин“, рече тој.

Колегите од „Амадеус бенд“ неутешни по смртта на Бојан: Немаше ниту еден здравствен проблем

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот