Последниот „танц“ на Буфон во Лигата на шампионите?

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Менаџерот на легендарниот голман Буфон, Силвано Мартина им потврди на португалските медиуми дека постои понуда од Порто.

И кај италијанскиот чувар на мрежата постои желба и интерес за заминување на Пиринеите. Ова не е нешто ново, бидејќи и пред еден месец се шпекулираше ваков трансфер.

– Да, постои интерес од Порто, од каде што сме контактирани. Буфон сака да брани уште една година, Порто му се допаѓа, но има четири деца и семејство и мора да размисли околу тоа – рече Мартина.

Кариерата ја започна во Парма, па од 2001-2018 година го бранеше голот на Јувентус, од каде минатата сезона направи трансфер во ПСЖ.

Интересно, но Буфон како едно големо име во фудбалскиот свет е еден од оние кои што се уште немаат почувствувано како е да се освои титула во Лигата на шампионите.

Порто беше второпласиран во португалското првенство, ќе мора преку плејофот како последна пречка да обезбеди настап во групите на ЛШ. Претходно и Аталанта која пак е директно пласирана во групите на ЛШ исто така изрази желба за ангажман на Буфон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот