ПОСЛЕДНИОТ НАЦИСТ СЕ СООЧУВА СО ПРАВДАТА? Чувар во логорот Штутхоф конечно ќе одговара за своите дела

Фото: EPA-EFE/MIKOLAJ SPRUDIN POLAND OUT

На 93-годишен старец денес ќе му се суди во Германија за кривичното дело соучество во масовни убиства кои се случиле во нацистички логор на смртта за време на Втората светска војна, објави српски „Курир“.

Бруно Деј е обвинет дека допринел за убиството на 5.230 заробеници во периодот меѓу 1944 и 1945 година во логорот Штутхоф, во сегашна северна Полска.

Деј признал дека служел на таа локација и дека знаел за кривичните дела кои се вршат во логорот. Но, поранешниот чувар исто така посочил дека не би соучесник во ниту едно убиство.

Судењето веројатно ќе биде едно од последните против поранешните нацистички чувари. Сослушувањето ќе биде ограничено на двечасовни седници од најмногу двапати неделно, поради лошото здравје на Деј (93).

Зошто му се суди после толку години?

Обвинителството тврди дека Деј, кој имал околу 17 години кога е распореден во логорот Штутхоф, бил еден од „запчаниците на машината за убивање“.

Германскиот весник „Шпигел“ извести дека тој е посебно обвинет за убиство на 5.000 луѓе преку создавање и одржување на непријателски услови, 200 со помош на гас и 30 со користење на Genickschussanlage – објект за ненадејно погубување на затворениците.

Судот ќе одлучи дали тој „свесно ги поддржувал убиствата“ на заробените Евреи, како што тврди обвинителството. Поради тоа што немал полни 21 година, на Деј ќе му се суди на суд за малолетници.

Обвинителите го отворија случајот за Деј дури во 2016 година, откако иследниците пронашле нацистичка облека со неговото име и негови потписи во архивата на логорот Штутхоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот