Последни желби: Наполеон сакал да го ишишаат

Profimedia

Тестаментите кои ги оставаат познатите личности се интересни колку што се интересни и нивните животи. Ова се некои од нивните најнеобични желби.

Мерилин Монро во својот тестамент напишала дека сè му остава на својот ментор и учител по глума Ли Страсберг. Интересно е што Страсберг не направил апсолутно ништо со нејзините работи. По неговата смрт, сопругата ги продала на аукција предметите на Мерилин Монро за вртоглави 13,4 милиони долари.

Два дена пред смртта, Џенис Џоплин го составила својот тестамент во кој пишувало дека остава 2.500 долари за посмртна забава во нејзина чест во нејзиниот омилен клуб. Услов бил забавата да трае цела ноќ.

Необично барање имал и познатиот писател Чарлс Дикенс. Негова последна желба била луѓето да го помнат исклучиво по неговите дела, па забранил да се прават споменици и спомен-плочи во негова чест.

Познатиот римски писател Вергилиј имал мошне ригорозно барање. Сакал неговиот најпознат еп „Енеида“ да биде запален по неговата смрт. За среќа неговата желба не е исполнета и денес бројни љубители можат да уживаат во ова ремек-дело.

Со смртта на Наполеон Бонапарта се поврзува необична анегдота. Наводно Наполеон по смртта сакал да биде ишишан ќелав, а неговата коса требало да им биде поделена на неговите пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот