Последни подготовки за расчистување на депонијата со линдан во Охис

Во Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет денеска беше ставена во функција нова опрема за правење анализи на животната средина, која ќе се користи за независно следење и контрола на ефектите од чистењето на линданот во ОХИС.

Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска рече дека во јули ќе почне да се чисти линданот од депонијата кај Охис, со помош на донираната опрема која Институтот за хемија ја доби од Кралството Норвешка, во вредност од 94 000 долари.

– Фабриката Охис порано беше надвор од градот, но јасно е дека Скопје се проширило многу после земјотресот, како резултат на што имаме население и околу фабриката. Затоа најавувам целосно раслистување на депонијара, рече Нуредини.

На санирање на загадената почва ќе работат две агенции на Обединетите Нации. УНИДО ќе спроведе првична ремедијација на 450 тони изомери на хексахлороциклохексан НСН и 200 тони контаминирана почва од малиот базен во Охис, и дополнително УНОПС ќе биде одговорен за ремедијација на 240 тони НСН и 653 тони контаминирана почва со НСН.

Новата опрема ја промовираа заменик-амбасадорот на Норвешка, Геир Јохансен и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

-Досега дониравме 1,5 милиони евра во фондот кој има за цел да раководи со оваа сложена операција за чистење. Убедени сме дека со нашата поддршка како и со поддршката на пошироката заедница ова долгогодишно прашање од областа на животната средина ќе биде решено. Истот ака веруваме дека е важно да имаме добро поставен мониторинг на процесот на чистење и токму затоа ги зајакнуваме и капацитетите на лабораторијата, која ќе може да спроведуваважни анализи за ефектитеврз животната средина, изјави Геир Јохансен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот