Последни подготовки пред стартот на онлајн учењето

Фото = Архива

 Двестотини и шеесет илјади ученици и околу 25 илјади наставници од основните и средните училишта во земјава ќе ја користат Националната платформа за онлајн учење од утре, 1 октомври, кога е и официјалниот старт на училишната година.

Деновиве се вршат тестирања на единствената национална платформа за онлајн-учење www.schools.mk, која ќе биде основна алатка за непречено одвивање на образовниот процес во услови на пандемија, а која е изработена во соработка со ФИНКИ.

Министерството за образование и наука викендот испрати кориснички лозинки до училиштата за пристап до платформата, а повеќето наставници вчера имаа генерална проба со своите ученици за одржување на првиот онлајн час. Некои успејаа да се вклучат, но некои имаа проблеми со платформата.

Вчера, завчера, но и денеска ден пред официјалниот старт на учебната година продолжува тестирањето на Националната платформа со цел да се детектираат сите нејзини слабости и да се овозможи нејзино наградување.

-Секогаш кога се воведува некој нов проект мора да помине низ фаза на тестирање. Истото се однесува и на Националната платформа, која поминува низ повеќе фази. Ние како училиште учествуваме во тој проект и сум благодарна на учениците, наставниците и родителите кои активно се вклучија во тој дел, со цел заокружување на целиот процес, вели Даница Блажеска, директор на општинско основно училиште „11 Октомври” во разговор за МИА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот