ПОСЛЕДНИ ПОДАТОЦИ ОД АЛБАНИЈА: Оштетени се 1.183 објекти, а евакуирани 3.224 лица

Се прошири списокот на оштетени објекти, како и на погодени области, од катастрофалниот земјотрес кој ја потресе Албанија на 26 ноември.

Последните податоци од досега завршената проценка говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти, главно индивидуални куќи, повеќе стамбени згради и хотели, додека 558 стамбени згради се со големи оштетувања.

Што се однесува до погодените области, освен Драч, Тирана и Лежа, се и Пешкопеја, Кукс, Фиер, Елбасан и Берат, што значи осум од вкупно 12 окрузи.

– Според податоците досега регистрирани се 1.183 урнати куќи (1.050 во областа Драч, 131 во Тирана, две во Пешкопеја), 5.497 со големи и 3.520 со помали оштетувања. Што се однесува до стамбените згради 558 се со големи и 335 со помали оштетувања. Штети има и во деловни објекти, така што само во Тирана беа утврдени 146, потоа во јавната инфраструктура со 28 оштетени училишта, два здравствени центра и 15 електрични кабини, изјави Ровена Вода, заменик министер за внатрешни работи.

Прочитајте и...  Орбан го поддржа Мицкоски: Би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Таа нагласи дека евакуирани се 3.224 лица, во хотели се сместени 1.961, во шатори 964, во социјални центри 867, во семејства 2.525 лица.

Вода додаде дека со ист интензитет продолжува тековната работа на инспекцијата на сите штети на објекти од страна на локални и меѓународни тимови во погодените области.

– Голема благодарност до нашите партнери и сите наши меѓународни пријатели, на групата од 55 експерти од Северна Македонија, Грција, Турција, САД, ЕУ, Швајцарија, и Франција, кои им се придружија на 74 албански експерти. Би сакала да соопштам дека денеска им се придружија уште 30 инженери од Косово, со што вкупниот број достигна 159, посочи Вода.

Таа соопшти дека со соодветна механизација урнати се 17 објекти, од нив девет во Драч и осум во Туман.

Прочитајте и...  Спасовски вети јакнење на претприемачкиот дух и креативноста кај младите

Прочитај повеќе

Ахмети за „Ди пресе”: Време е за премиер Албанец

Слободен печат

Брнабиќ: Државата е силна, институциите работат, насилството нема да победи

МИА Агенција

Филипче: Целосно е реновиран одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Слободен печат

Заев од Кавадарци: 800 милиони евра за директна финансиска поддршка за земјоделството во следните 4 години

МИА Агенција

251 граѓанин казнет бидејќи не носел заштитна маска

Отец Партениј денеска ќе стане владика

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Два земјотреси во Кина

МИА Агенција

Андрикиене: Мисијата за оценка на изборите во Македонија е со ист формат како и мисиите во Србија, Хрватска и Полска

МИА Агенција

Спасовски на Свечено собрание на ДПТ: Едно општество за сите и европска држава се сигурност за сите

МИА Агенција

Дали Македонците повторно ќе бидат на вистинската страна на историјата?

Слободен печат

Трамп првпат во јавност со заштитна маска

МИА Агенција

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

МИА Агенција