ПОСЛЕДНАТА ПОРАКА НА ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ НА „КАМИОНОТ НА СМРТТА“? „Умирам, не можам да дишам“

Фото: Профимедиа

Виетнамката Тра Мај (26) можеби е една од 39-те жртви пронајдени во приколката-ладилник на индустрискиот имот во Есекс, Англија. Како можна жртва, нејзе ја наведе член на една организација за заштита на човекови права од Ханој, објави британски „Гардијан“.

Таа на своето семејство испратила пораки во кои напишала: „Мамо и тато, многу ми е жал. Не ми успеа планот за да си одам од земјата. Мама. Многу те сакам тебе и тато. Умирам бијдеќи не можам да дишам. Јас сум од Кан Лок Ха Тина. Виетнам. Мамо. Многу ми е жал“.

Три виетнамски семејства се контактирани поради можноста дека нивните најблиски се можни жртви. Утврдено е дека Тра Мај ги испраќала пораките во вторникот вечер, само неколку часа пред да бидат пронајдените телата на 31 маж и осум жени, кои починале во огромна агонија.

Нејзиното семејство бараше помош за нејзина идентификација, бидејќи полицијата од Есекс наведе дека жртвите во „камионот на смртта“ се од кинеска националност. По апсењето на две лица, полицијата наведе дека ситуацијата, кога станува збор за идентификација на жртвите, може да се промени.

Виетнамската амбасада во Лондон ја контактирала полицијата во Есекс и чека одговор. Мај најверојатно сакала да се стигне до Велика Британија преку Франција. Белгискиот јавен обвинител рече дека се уште не е јасно каде и кога жртвите влегле во приколката-ладилник, која е во сопственост на ирска компанија и е закупена на 15 октомври.

Кина повика на „сурова казна“ за сите оние кои се вмешани во смртта на луѓето, а кинеската амбасада испрати свои претставници во Есекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот