Последната епидемија во Југославија: Мистериозната Вариола вера

Imdb

Веројатно е дека повеќето од нас кога ќе ги слушнат зборовите „вариола вера“ помислуваат на големиот југословенски филм од 1982 година или како што критичарите жанровски го нарекуваат, „филмот на катастрофата“, снимен десет години по епидемијата на вариола вера.

А како изгледаше епидемијата на големите сипаници во Југославија, од која починаа 40, а беа заболени 184 луѓе.

Првиот пат сомнежот дека се работи за страшна зараза бил на 14 март 1972 година, кога е откриен првиот пациент во селото Дамјан во близина на Ѓаковица. Наводно, на почетокот на таа година муслиманскиот аџија од Призрен, Ибрахим Хоти, по враќањето од аџилак го донесол вирусот во Југославија. Во групата од 24 аџии, Хоти престојувал пет дена во Ирак, посетувајќи свети места на дервишите како што се Карбала, Наџаф и Багдат, места каде што во тоа време биле забележани случаи со големи сипаници.

Во родното село Дамјан, од аџилак го пречекале роднините, соседите и пријателите за да му честитаат. Се чувствувал омалаксано и уморно, но сето тоа го препишал на повеќедневното патување со автобус. Добил треска и осип, но набрзо закрепнал. Тој ја преживеал вариола вера, но заразата почнала да се шири.

Imdb

За брзо време епидемијата ги зафатила и Нови Пазар, Чачак, Белград. Најтешко било на Косово, затоа што таму починале девет бебиња. Во Чачак починале три медицински сестри, од вкупно шест медицински работници, колку што заболеле во тој град.

Првата жртва од големи сипаници бил Латиф Мумџиќ, од село во близина на Тутин, а го негувала медицинската сестра Душица Спасиќ. Медицинската сестра Спасиќ не била вакцинирана, и починала две недели по Латиф.

„Штом во институтот „Торлак“ откривме дека станува збор за вирусот вариоала вера, моја задача беше да организирам вакцинирање на сите медицински работници кои биле или ќе дојдат во допир со заразените. Тоа беше околу 15 март 1972 година. Имав мали количини од вакцината, благодарение на Имунолошкиот завод во Хрватска, кој во тоа време произведуваше вакцини против големи сипаници”, во 2017 година се присети примариус д-р Радмило Петровиќ, бивш епидемиолог во институтот „Торлак“.

Власта итно прогласи вонредна состојба, во државата се воведе карантин и побараа помош од Светската здравствена организација.

Старите жители на Белград сè уште ги памтат страшните слики на луѓето кои со денови биле затворени во карантин, затоа што не можеле да бидат вакцинирани, а меѓу нив најмногу имало бремени жени. Болниците кои биле прогласени за карантин, биле заградени со жица, а прозорците затворени со решетки. На оние, кои биле во нив, им бил забранет секаков контакт со другите луѓе.

Граѓаните научиле нешто што и денес е главно упатство за борба против вирусите.

„Се научи многу за хигиената, дека мора да се води сметка“, вели Јелена Мијовиќ.

Впечатлива беше дисциплината. Луѓето стрпливо чекаа во ред, доаѓаа да се вакцинираат свесни за сериозноста на ситуацијата. Ние имавме заштитни маски, бевме сигурни дека се владее со ситуацијата и дека тука грешки нема. Околу нас сè упатуваше дека системот е многу уреден бидејќи се знаеше кој, кога и каде може да биде вакциниран, како се следи успехот на вакцината, на кому и како му е ограничено движењето“, се присетуваат сведоците.

Со заминувањето на последниот човек од карантинот, на 19 мај 1972 година, епидемијата официјално била запрена.

Две години подоцна, Светската здравствена организација прогласила уништување на вирусот вариола вера.

flickr.com

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот